ruffian - онтологија

балканец повеќе

мн. балканци
Вид збор: Именка, машки род
Неформален израз за човек со груби манири.

грубијан повеќе

мн. грубијани
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однесува грубо.

дрзник повеќе

мн. дрзници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е дрзок, безобѕирен.
Употреба: Груб збор

кабадаија повеќе

мн. кабадаии
Вид збор: Именка, машки род
напернат, вообразен човек
Турски: kabadayı Албански: njeri kryelartë
Употреба: Разговорно

кападаија повеќе

Вид збор: Именка, машки род
кабадаија

простак повеќе

мн. простаци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се однесува просто, грубо, невоспитано, простачки.

рчпал повеќе

мн. рчпали
Вид збор: Именка, машки род
Сомустрак, припрост, недоделкан човек.
Албански: kopuk
Употреба: Груб збор , Преносно значење

сомустрак повеќе

мн. сомустраци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однесува грубо, неизделкан човек.

суртук повеќе

мн. суртуци
Вид збор: Именка, машки род
Неизделкан, груб, суров, неугладен човек.
Албански: kopuk
Употреба: Груб збор , Разговорно

суруш повеќе

мн. суруши
Вид збор: Именка, машки род
влечко, неранимајко, неизделкан човек
Употреба: Разговорно