meadow - онтологија

испаша повеќе

мн. испаши
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што пасе добитокот.
Албански: kullotë
Употреба: Земјоделство

јурија повеќе

мн. јурии
Вид збор: Именка, женски род
ледина
Употреба: Архаизам

косиште повеќе

мн. косишта
Вид збор: Именка, среден род
Окосено место, ливада, нива.
Албански: livadh i kositur
Употреба: Земјоделство

ливада повеќе

мн. ливади
Вид збор: Именка, женски род
Земјиште обраснато со трева која се коси за сено или се користи за пасење; земјиште обраснато со трева, полско цвеќе и други cитни растенија.

ливадиште повеќе

Види и: ливада (ж.)
мн. ливадишта
Вид збор: Именка, среден род
ливада

пасиште повеќе

мн. пасишта
Вид збор: Именка, среден род
Ливада или земјиште каде се напасува стоката.
Употреба: Земјоделство

паша повеќе

мн. паши
Вид збор: Именка, женски род
пасиште
Албански: kullotë
Употреба: Земјоделство

полјана повеќе

мн. полјани
Вид збор: Именка, женски род
Празно место со ниска трева.
Албански: livadh, kullotë
Употреба: Географија
Примери:
Децата играа по полјаните.

утрина повеќе

мн. утрини
Вид збор: Именка, женски род
Земја оставена за пасење.
Албански: livadh, kullotë
Употреба: Земјоделство

целинка повеќе

мн. целинки
Вид збор: Именка, женски род
лединка
Албански: lëndinë
Употреба: Деминутив , Земјоделство

чаир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
пасиште, ливада, полјана, долина
Турски: çayır
Употреба: Архаизам