lift - онтологија

вивне повеќе

вивнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вивне) Се извиши, се крене високо.
Албански: ngre

виши повеќе

вишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави, тера некого или нешто да се крева (да лета) нагоре високо (во височините).
Албански: çoj

дигалка повеќе

мн. дигалки
Вид збор: Именка, женски род
Направа за кревање и за пренесување товар.

издига повеќе

Види и: дига (несв.)
издигаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави да се чувствува важен, значаен, да има високи квалитети.
Албански: barshëm

издигне повеќе

издигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне одеднаш високо.
Албански: ngre
(се издигне) Се крене во височините.
Албански: ngre

изнакрева повеќе

изнакреваат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене многу, во голема количина.
Албански: ngrit, ngre shumë

крева повеќе

Види и: крене (св.)
креваат
Вид збор: Глагол, несвршен
крене

кревалка повеќе

мн. кревалки
Вид збор: Именка, женски род
дигалка

крене повеќе

кренат
Вид збор: Глагол, свршен
дигне

надига повеќе

Види и: надигне (св.)
(се) надигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
надигне

надигне повеќе

Види и: дигне (св.)
надигнат
Вид збор: Глагол, свршен
дигне, крене, поткрене
Албански: ngre

наднесе повеќе

наднесат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, издигне над нешто.
Албански: ngritem

накрене повеќе

накренат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене донекаде, подигне малку.
Албански: ngre, çoj

подига повеќе

Види и: подигне (св.)
подигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
подигне
Албански: ngre

подигне повеќе

подигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрене, истави тоа што е со нешто поклопено, покриено.
Албански: ngre
Крене и стави, постави во вообичаена положба тоа што е паднато, спуштено наведнато (на пр. облека што се носи).
Албански: ngre
Помогне некому да стане.
Албански: ngre

покачи повеќе

покачат
Вид збор: Глагол, свршен
Премести предмет повисоко.
Албански: ngrit më lartë

покрене повеќе

Види и: крене (св.)
покренат
Вид збор: Глагол, свршен
подигне, почне, тргне
Српски: покренути
Употреба: Дијалектен збор

понадигне повеќе

понадигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрене, зајакне материјално во мала или во поголема мера.
Албански: ngrit

понакрене повеќе

Види и: поднакрене (св.)
се понакренат
Вид збор: Глагол, свршен
поднакрене

поподигне повеќе

(се) поподигнат
Вид збор: Глагол, свршен
попоткрене

попоткрене повеќе

Види и: поткрене (св.)
(се) попоткренат
Вид збор: Глагол, свршен
Се поткрене малку.

поткачи повеќе

поткачат
Вид збор: Глагол, свршен
Кaчи, дигне некого или нешто малку повисоко.
Албански: rrit

поткрева повеќе

Види и: крева (несв.)
поткреваат
Вид збор: Глагол, несвршен
крева малку

поткрене повеќе

поткренат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поткрене) Се подигне малку.
Албански: ngritet

придигне повеќе

Види и: дигне (св.)
придигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне малку, подигне.
Албански: ngre pak