jester - онтологија

варимесо повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Шегобиец на свадби.
Употреба: Разговорно

задрогаз повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака често да се задева, да се шегува со друг.

лакрдијаш повеќе

мн. лакрдијаши
Вид збор: Именка, машки род
шегаџија
Употреба: Разговорно

мајтапчија повеќе

мн. мајтапчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да прави мајтап, да се мајтапи.
Употреба: Разговорно

подбивач повеќе

Види и: подбива (несв.)
мн. подбивачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да се подбива, што е склон на подбивање.

смешник повеќе

мн. смешници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што засмева.
Употреба: Книжевен збор

шакаџија повеќе

мн. шакаџии
Вид збор: Именка, машки род
шегаџија
Турски: şakacı
Примери:
Голем шакаџија.

шегаџија повеќе

мн. шегаџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што сака да се шегува.

шпотало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
подбивач, мајтапчија
Употреба: Разговорно