gallery - онтологија

галерија повеќе

мн. галерии
Вид збор: Именка, женски род
Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела.
Албански: galeri
Употреба: Архитектура и градба , Ликовна уметност
Дел од сала во театар издигнат од приземјето, наменет за публиката.
Албански: galeri
Употреба: Сцена
Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, палати, рудници или во воени утврдувања.
Албански: galeri
Употреба: Архитектура и градба
Низа од ликови или од типови ликови во некое книжевно дело, книжевен опус или во животот.
Албански: galeri
Употреба: Литература , Преносно значење