foreman - онтологија

десетар повеќе

мн. десетари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што води група од десетмина (работници).
Албански: dhjetar

драгоман повеќе

мн. драгомани
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на група жетвари или работници.
Албански: kryepunëtor
Употреба: Архаизам

крамар повеќе

мн. крамари
Вид збор: Именка, машки род
Водач на работници, главен работник; тој што жнее прв на постата; прв жетвар.
Албански: udhëheqës i puntorëve

палир повеќе

мн. палири
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на ѕидари и други работници на некоја градба.

постаџија повеќе

мн. постаџии
Вид збор: Именка, машки род
Највреден, најдобар, највешт жетвар што е од десна страна на постата при жнеењето, што живее прв во постата.
Употреба: Архаизам

предработник повеќе

мн. предработници
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на градба, мајстор.
Употреба: Економија