fairy - онтологија

вила повеќе

мн. вили
Вид збор: Именка, женски род
Женско митско суштество со голема убавина и натприродна моќ.
Албански: zanash
Употреба: Митологија

вилин повеќе

вилиниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на вила.

јуда повеќе

мн. јуди
Вид збор: Именка, женски род
самовила
Албански: zanë
Употреба: Архаизам , Митологија

наврзница повеќе

мн. наврзници
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) наречница
Албански: parashikues

наречница повеќе

мн. наречници
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Според народното верување, три женски суштества што на третата вечер од раѓањето му ја определуваат судбината на детето.
Албански: zana që caktojnë fatin e fëmiut

самовила повеќе

мн. самовили
Вид збор: Именка, женски род
Според народното верување - митолошко женско суштество што живее по шумите и планините.
Албански: zanë
Употреба: Митологија

самовилка повеќе

Види и: самовила (ж.)
мн. самовилки
Вид збор: Именка, женски род
самовила
Употреба: Деминутив

самовилче повеќе

Види и: самовила (ж.)
мн. самовилчиња
Вид збор: Именка, среден род
самовила
Употреба: Деминутив

самодива повеќе

Види и: самовила (ж.)
мн. самодиви
Вид збор: Именка, женски род
самовила
Употреба: Митологија

стија повеќе

мн. стии
Вид збор: Именка, женски род
самовила

феја повеќе

мн. феи
Вид збор: Именка, женски род
Во западноевропската митологија - волшебница, самовила.
Употреба: Митологија