dowry - онтологија

бовчалак повеќе

мн. бовчалаци
Вид збор: Именка, машки род
Бовча со подарок што го подготвува невестата за сватовите.
Турски: bohça

мираз повеќе

(едн.) миразот
Вид збор: Именка, машки род
Имот што го донесува жената кај мажот во бракот.
Турски: miras

приќе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
мираз, чеиз

руба повеќе

(едн.) рубата
Вид збор: Именка, женски род
невестинска спрема
Албански: prikë, veshje nusrie
Примери:
Ми донесе три товара руба.

чеиз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Опремата што ја донесува невестата кај мажот.
Турски: çeyiz
Употреба: Архаизам
Примери:
Дел од чеизот девојката сама го подготвувала, и тој дел е познат како моминска подготовка.