divorce - онтологија

бракоразвод повеќе

мн. бракоразводи
Вид збор: Именка, машки род
Развод на брак по судски пат.
Употреба: Правда

остави повеќе

остават
Вид збор: Глагол, свршен
За жена / маж се разведе.
Албански: lë, ndaj
(се остави) За маж / жена – се разведе.
Албански: lë, ndaj

разведе повеќе

разведат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскине брак на некого.
Албански: divorcoj, çkurorëzoj
Употреба: Правда
Примери:
Гледаше на секој начин да ги разведе младите сопружници.
(се разведе) Раскине брак, се развенча.
Албански: divorcoj, çkurorëzoj
Употреба: Правда
Примери:
Се разведовме уште пред две години.

разведува повеќе

Види и: разведе (св.)
(се) разведуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разведе

развенча повеќе

развенчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого од брачна врека.
Албански: divorcoj
Употреба: Правда
Примери:
Родителите мои тој ги развенчал.
(се развенча) Раскине брачна врска.
Албански: divorcoj, çkurorëzoj
Употреба: Правда
Примери:
Многу брзо се развенчавме.

развод повеќе

мн. разводи
Вид збор: Именка, машки род
Разведување на брак.
Албански: divorc, ndarje
Употреба: Правда
Примери:
Бараше развод.

разводен повеќе

разводна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на развод.
Употреба: Правда
Примери:
Разводно дело.

раздоми повеќе

раздомат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскине брачна врска.
Албански: divorcoj, ndaj
(се раздоми) Раскине своја брачна врска.
Албански: divorcoj

разжени повеќе

разженат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскине брак, разведе сопрузи.
Албански: divorcoj, ndaj
Примери:
Со својата убавина женет ќе разженеше.
(се разжени) се разведе
Албански: divorcohem, ndahem
Примери:
Набрзо по свадбата се разженија.

разженува повеќе

Види и: разжени (св.)
(се) разженуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разжени

разженување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) разженува

фрла повеќе

Види и: фрли (св.)
фрлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се разведува, ја остава жената.
Албански: ndahem, divorc
Употреба: Дијалектен збор
(се фрла) се разведува, се остава
Албански: ndahem, divorc
Употреба: Дијалектен збор

фрлање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Разведување (брак).
Албански: divorc, ndarje
Употреба: Дијалектен збор

фрлачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Разведување, развод на брак.
Албански: divorc, ndarje
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Пак ли мислиш на фрлачка?

фрли повеќе

фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја остава, напушта жената, се разведува.
Албански: ndahem, lë
Употреба: Дијалектен збор
(се фрли) Се остава, се разведува, раскинува брак.
Албански: ndahem, lë
Употреба: Дијалектен збор