deposit - онтологија

аконтација повеќе

мн. аконтации
Вид збор: Именка, женски род
Однапред дадени пари во помал износ од вредноста на трудот, улогата или на стоката.
Албански: akontacion, depozitë
Употреба: Економија

влог повеќе

мн. влогови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што некој го вложува, најчесто паричен износ, во банка; во некоја работа, во игра на среќа.
Албански: depozitë
Употреба: Економија

депозит повеќе

мн. депозити
Вид збор: Именка, машки род
Пари, накит, документи и вредни предмети оставени на чување најчесто во банка.
Албански: depozitë
Употреба: Економија

капар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дел од договорена вредност, сума пари што се даваат однапред при склучување на некаков договор (при купување, наем и сл.), како гаранција дека договореното ќе се почитува, ќе се изврши.
Турски: kaparo Албански: kapar, depozit
Употреба: Економија

кауција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пари или хартии од вредноcт што се даваат како гаранција за извршување на договорени обврски.
Албански: kaucion
Употреба: Економија

лежиште повеќе

мн. лежишта
Вид збор: Именка, среден род
Наоѓалиште на руда.
Албански: fundërresë
Употреба: Геологија

мил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Наталожен нанос од кал и многу ситен песок на дното на бара, река, езеро.
Албански: fundërresë
Употреба: Географија

уплата повеќе

уплатата
Вид збор: Именка, женски род
Износ што се уплатува.
Албански: pagesë
Употреба: Економија