dam - онтологија

акумулација повеќе

мн. акумулации
Вид збор: Именка, женски род
Собирање разни води заради заштита од поплави или за потребите на земјоделството, индустријата и др.
Албански: pendë

брана повеќе

мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Насип, вештачка преграда од земја, од бетон што го спречува течењето, движењето на водена маса до одредена височина.
Албански: pendë, pellg
Употреба: Архитектура и градба

каптажа повеќе

(едн.) каптажата
Вид збор: Именка, женски род
Направа за собирање и одвод на подземна и изворска вода.
Француски: captage Албански: kaptazhë

насип повеќе

мн. насипи
Вид збор: Именка, машки род
Појас насипана земја, камен и друг градежен материјал, издигнат над нивото на почвата или на водата.
Албански: pend

хидроакумулација повеќе

мн. хидроакумулации
Вид збор: Именка, женски род
Акумулација на вода за наводнување или производство на електрична енергија.