crazy - онтологија

безумен повеќе

безумниот
Вид збор: Придавка
Што е без ум.

ветерничав повеќе

ветерничавиот
Вид збор: Придавка
налудничав

избезумен повеќе

избезумениот
Вид збор: Придавка
Што се избезумил.

исчукан повеќе

исчуканиот
Вид збор: Придавка
Што е збудален, ненормален.
Употреба: Разговорно

мрднат повеќе

мрднати
Вид збор: Придавка
ненормален, луд

налудничав повеќе

налудничавиот
Вид збор: Придавка
Што не е сосема луд, мрднат, чакнат.

наудрен повеќе

наудрениот
Вид збор: Придавка
чукнат, мрднат, луд
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Кога треба да враќа пари – тогаш се прави наудрен.

палав повеќе

палави
Вид збор: Придавка
луд, безумен
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Туку шета низ ордија, / низ ордија како палав.

побудален повеќе

Види и: побудали (св.)
побудалени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) побудали

полуден повеќе

Види и: полуди (св.)
полудени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) полуди

поулавен повеќе

поулавени
Вид збор: Придавка
Што е избезумен, што е полуден.

разлуден повеќе

разлудениот
Вид збор: Придавка
Што е умствено растроен во нагласена мера; станал луд или уште полуд.
Непромислен, неразумен во голема мера.

разулавен повеќе

разулавениот
Вид збор: Придавка
Што е поулавен, безумен, избезумен, збеснат.

смавнат повеќе

смавнати
Вид збор: Придавка
спобудален, спопалавен, споулавен
Употреба: Дијалектен збор

сулудничав повеќе

Вид збор: Придавка
налудничав

удрен повеќе

удрени
Вид збор: Придавка
чукнат, луд
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој е малку удрен.

улав повеќе

улави
Вид збор: Придавка
луд, побудален
Употреба: Разговорно
Примери:
Како улав прави нешто.

чалнат повеќе

чалнати
Вид збор: Придавка
За човек – мрднат со умот, удрен, мавнат, чакнат.

чукнат повеќе

чукнати
Вид збор: Придавка
Благо ментално заостанат.
Примери:
Чукнат глава, чукнат од умот.

шантав повеќе

шантави
Вид збор: Придавка
налудничав
Употреба: Дијалектен збор

швркнат повеќе

швркнатиот
Вид збор: Придавка
удрен, луд
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој изгледа малку швркнат.

шлакнат повеќе

шлакнати
Вид збор: Придавка
удрен, улав, налудничав
Употреба: Разговорно

штракнат повеќе

штракнатиот
Вид збор: Придавка
поместен со умот, чукнат