coupon - онтологија

бон повеќе

мн. бонови
Вид збор: Именка, машки род
Печатени маркици со кои се одредува количина на некој паричен износ, обично поради рационализација на потрошувачката на одреден производ.
Албански: bon, kupon
Употреба: Економија

купон повеќе

мн. купони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од вредносна хартија што се носи за наплата на достасана камата или дивиденда.
Албански: kupon, triskë
Употреба: Економија
Исечок од влезница што се одзема при влегување.
Албански: kupon
Исечок, дел од некоја целина што се пополнува.
Албански: kupon
Карта за рационално снабдување.
Албански: kupon, triskë

талон повеќе

мн. талони
Вид збор: Именка, машки род
Контролен документ, купон со кој се потврдува правото на учество или користење на нешто.
Албански: kupon
Употреба: Економија