blonde - онтологија

блондинка повеќе

мн. блондинки
Вид збор: Именка, женски род
Русокоса жена.
Употреба: Разговорно

жолтокос повеќе

жолтокосиот
Вид збор: Придавка
Што има жолта коса.

рус повеќе

руси
Вид збор: Придавка
За коса, брада, мустаци - кој има бледожолта боја; за глава или лице кој е со такви влакна.
Примери:
Не ми сечи русата глава.
За човек - кој има светла коса и светли очи.
Примери:
русо момче

русав повеќе

Види и: рус (прид.)
русави
Вид збор: Придавка
рус
Употреба: Дијалектен збор

русокос повеќе

русокоси
Вид збор: Придавка
Кој има руса коса.
Примери:
русокосиот студент