ќе (чест.) - послужи (гл.)

Најмладиот брат, Трајко, ќе послужува; Илко, веќе, зетовската работа ќе ја брка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Приказната за бикот, меѓутоа, нарасена со фантастични украси, ќе продолжи, а таа ќе послужи само за илустрација на нешто што и дотогаш ни беше јасно: дека таквите, или барем така опишаните небесни бикови не умираат ниту исчезнуваат, без оглед на тоа дали го пронашле или не тајниот тунел и заумните крточини низ кои ќе стигнат „до снежните планини на Кападокија“, земјата на чудата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Грчки стратегиски интерес е да има добра заднина која ќе послужи како заштита за Солун и за пасиштата кон Флорина29, Касторија30 и Тракија, против секој непријател што не е голема сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, грчки интерес е Бугарија да не се прошири (како во 1941) со вклучување на југословенска Македонија и не треба да се дозволи формирање на една словенска сила која ќе ја има цела негрчка Македонија и ќе го поседува Балканскиот Полуостров“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Најмногу од сѐ, се надевам дека книгава ќе послужи за да се оправда вредноста и сериозноста на мојот предмет „Како да бидеш геј“ пред сите што биле скептични, збунети, навредени или згрозени од него, што му се противеа или што поради него го критикуваа Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во кафеаната спомна дека се варени и дека „откако ќе им додаде малку кромид и лимон ќе послужат како добра поткрепа за розето или мастиката. За жал пиво не држеле“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што се случувало во минатото го исклучува вметнувањето нови учесници во тие случувања, ми објаснуваше Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но убиен Чанга не ќе послужеше многу.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но сепак, ќе треба да се создаде специјална мрежа на служби за да ги огради оние што ги пцујат од грубите акции на оние кои пцујат и воопшто, пцовката да остане на зборови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вие секако, сфаќате дека за кадрови од оваа мрежа ќе послужат бившите работници на органите на државна безбедност и новите студенти на нејзините школи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)