ќе (чест.) - личи (гл.)

Да, јас сум Еди!...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
О, не, г-дине Морковиќ, не можам да најдам некој што ќе личи на Мики Руни за таа улога!...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да му беше носот тупав, со старите карирани пантолони, кои веќе изгубиле боја, ќе личеше на кловн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се надевам тој ден на мене ќе личи.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Се надевам тој ден на мене ќе личи. На сите светилки во душата што ги носам за нов ден.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми никогаш не спомнуваше имиња од нејзиниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме интересира на кого ќе личи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше женет, му ја видов бурмата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа беше одушевена по повод таа преселба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ми вели, Колку ти се тенки рацете? Погледни колку ти се тенки зглобовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес и Марија и се преселија во тој извонреден стан, но само три дена пред неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знам кој е тој, но ќе знам штом ќе го видам, и тој ќе личи на нешто, и нема да се курва.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прошетавме низ градот и тргнавме кон Колежот на жан Калвин, кадешто Борхес одел на училиште помеѓу 1914 и 1919-та, додека семејството му живеело во женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Инаку, ќе го стрелам, и било кој маж кој би ме изневерувал. Како оној во пералната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми рече дека токму треба да потпише уговор за изнајмување на еден стан во таа зграда. живееја во оној удобен хотел откако се дојдени во женева, речиси шест месеци порано, и брзаа да се преселат на некое место кое повеќе ќе личи на дом.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Или животот сè повеќе ќе личи на ова долго чекање на некоја раскрсница, на прометен булевар, во центарот на градот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Знаев: кога ќе се стемни, ѕвездите ќе личат на бели пајаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очите му беа набабрени, под нив висеа ќесички што видливо раснеа под тежина на јад и неисплакани солзи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И потаму земјата под нозете се стоплуваше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ да го покрил со повеќе влакна, и самиот ќе личеше на намразениот Онисифор Мечкојад, ќе беше негов близнак, негова лика во неподвижна лочка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Впрочем на што ќе личи тајната што ќе ја најдете на секоја тезга?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во „овој филм“ Дуња-Ѓузел имаше коса долга до половината, очи сини како оние на Снеже, и несмевка како на наставничката Трпана, заради којашто таа мене многу ми се допаѓа, а понекогаш си мислам дека кога ќе пораснам, неизоставно ќе морам да се оженам за жена што ќе личи на неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Евентуално, програмскиот листинг би му кажал да направи „output” на некои кинески за него бесмислени чкртаници - кои ќе личат на разумен одговор за кинеските набљудувачи надвор од собата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)