ли (чест.) - за (предл.)

- Зборуваш ли за забраната за купување на алкохол после 19 часот?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Пеер слушна ли за Џони? - Шо бе? - Го фатиле вчера алфи со 2 шибици у него. - Наебал до даска пеер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога се увери дека никој ни ќе види и ни ќе чуе, Србин рече: - Чу ли за в недела?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ВЕТА: Ти, навистина, се подбиваш со мене. Се зборува ли за такви работи!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ти не жалиш ли за тоа? А што правеше со неа? Де, кажи, сами сме во оваа дупка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Си спомнуваш ли за Ана? - Ана Шепек? - Да, Ана... - Не можам да ѝ ги заборавам колковите и нејзиниот бес.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Сум ти расправал ли за сите ножови, од првиот човек до денеска? Седи со мене. Слушај ме...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како да опусте планината. - Опусте, - рече Бојан. - Се грижеше ли за мене?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- А, си чул ли за странците, а? - праша. - Да. Шумарот кажа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
6. ШТОМ СИ ОВЦА И СЕКОЈ ЌЕ ТЕ СТРИЖИ - ќе има ли за секого бар дветри влакна волна?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сте чуле ли за Дардаванија, татковината на снежните џуџиња? Секако, не.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ама не, бабо, какви овчари? се буни момчето и, божем налутено, го мести реденикот; потоа се присетува и ги открива ретките, бели заби: - Прашуваш ли за Овчаровиот баталјон?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се омажиш ли за мене? - Не можам, одам да се обесам. - Како тоа ќе се обесиш, кога се заљубив во тебе!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мојата трета лага, која во иднина ќе стане вистина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Второто, може ли за мала лага да се смета нешто кое во иднина ќе стане голема вистина? – Секако. – Зошто тогаш не земете и Вие малку од својата љубовна напивка, што нам толку несебично ни ја нудите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)