би (чест.) - зборува (гл.)

Немаше многу луѓе со кои би зборувал, но и да имаше, пак не ќе зборував. Се повлеков во себе, многу молчев. Не можев ништо да смислам, а уште помалку да сторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да сум јас на Ваше место... не би зборувал за оваа работа со другите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Долнец пак јас го истражував во поединости, особено по она што го откри Симон, но се покажа дека не може да се најде никаков пишуван документ што би зборувал за долнечкото стрелање. И да имало, тоа било уништено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас, меѓутоа, не би зборувал со точки.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога би зборувал со обезимени зборови, со обеззначени, како на пример: се разминуваш со светци во предел каде во исто време и на исто место светат многу сонца и многу месечини.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)