или (сврз.) - камен (имн.)

Врз тебе ќе фрлат шепи испечена и испогазена земја или ќе те покријат со малку суварки и малку гранки зелени скршени на брзина или камење ќе фрлат врз тебе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брзаше да знае пред осудата - дали она што го виде е млад глог со испреплеткани гранки или камен покриен со бронзена 'ржа. Тоа беше важно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тие, кутрите, клечеа покрај оганчето, обрабено со две тули или камења, дуваа во него и со валканите рачиња си ги бришеа насолзените очи и размрсулавените носиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)