и (сврз.) - шеќер (имн.)

Та, вела, со симит, со симит и шеќер ќе и рана јас ако оплескале понекој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Солта и шеќерот ќе ви бидат како да си заграбил грст песок од риверот селски...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А за готвење! Да има јајца, мас, сирење, сланина, месо и шеќер! Алви да ти праве, ориз со млеко, ореи со мед!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зашто има таков вкус, на земја со вода и шеќер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)