и (сврз.) - чаша (имн.)

Сè е таму сосема „природно“, приспособено на телото, на некое астрално тело, кое има врска со ова мое тело преку мојот астрален папок...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тетка Перса нему веќе му тури чашка ракија, а на Пена лажице слатко од дуњи и чаша студена вода.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ништо нема да ми недостасува, освен, можеби, промената на времето, и чаша студена вода кога е жешко, и можеби спиењето би ми недостасувало.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во деновите на гладот, кога татко ми уште немаше купено коза, нас децата често нè повикуваше бабата Русинка, никогаш не нѐ оставаше без намачкано парче леб и чаша млеко од своите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јадат, пијат, песни пејат турски, арнаутски, наша вера хуљат, псуват, кршјат стол и чаши.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Појадувавме едно парче леб со кашкавал или салама и чаша чај или млеко. Во осум часот ни почнуваше наставата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ѝ даваа селаните и покривачи и перници, виљушки и лажици, чинии и чаши, чорапи, фанели, кошули... и немаше ден камбаната да не удри на мртво и се пренесуваше дека тој и тој загина и плачење се слушаше секој ден во селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)