и (сврз.) - гради (гл.)

Наизменичните монолози или секвенци се само разнобојни каменчиња што го надополнуваат и градат мозаикот на приказнава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татковците тогаш ги беа собрале и копаа ровови и сечеа дабови, буки и борови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слободната литература секогаш ме исполнуваше, но еден дел од мене копнееше за нешто како ова. Нешто што е признато и градено со генерации.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Копаат и градат каде што ќе стигнат. Лакоми станаа луѓето...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)