дека (сврз.) - зборува (гл.)

Додека ја миеше ноќната маска од лицето, се сети на Фотевото бладање и заклучи дека е најдобро да не му спомнува ништо за тоа; тој одвај ли знаеше дека зборувал насоне, а уште помалку се сеќава не само што зборувал туку и што сонувал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го слушна Татковиот глас. Помисли дека тој не е сам и дека зборува со некој од членовите на комисијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Костадин Дамески, старешината на Потковицата, отворено го искара, отворено му рече дека зборува детиништини, дека тие работи не се прават така како што ќе му падне на умот нему или на некого нему сличен, туку така како тој, Костадин Дамчески, што поучува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
– Се враќав од потокот, и забележав дека доаѓате – додадов. - Да!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив дека зборувам глупости; Даскалов сигурно знаеше подобро од мене колку сме далеку од дома.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Но јас не работам со било чии стапала - јас работам во канцеларија. Како и ти. Со клима-уред и блиндирани прозорци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сум допрел ниедно стапало од својата шеснаесета година.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знам... Од него ништо не сум прочитал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повторно слушнав дека зборуваат за него по војната, што станал за време на окупацијата?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми беше потребна минута да сфатам дека зборува за бизнисот со чевли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Штом ги завршував разговорите, ми велеше: „Изнеси ме надвор.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека разговарав со Зигмунд, таа по моите зборови разбираше дека зборувам со него, и ме гледаше со оној поглед со кој гледаат оние стари луѓе кои без страв, само со колебање, се подготвуваат да умрат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А јас млада, па убава, во туѓа земја, а од турски знам само да кажам „Бир тане туркиш кафе шеќерли... беш тане шеќер“ и да се насмеам како глупача кога некој, мислејќи дека зборувам турски, пријателски ќе се расприкаже на долго и на широко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И што дека зборуваат, вели, кога не можат да се разберат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одеднаш, како да слушна дека зборува некој друг, Винстон се слушна себеси како вели со длабок громок глас дека нему треба да му припадне целото парче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се стори дека зборува уверливо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се чувствуваше дека зборува со мака, отсутно. – Мајко, се враќам, за ден-два... – Како ќе ти биде најарно, така стори, сине...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Коњите се лизгаа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо помисли дека зборува за него, та затоа се поднамести и начули уво.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еден друг војник ме фати за рака, ме одведе кај убиените и така одев од еден до друг. Сѐ млади момчиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Војникот ме фати под мишка и пак ми рече: „Таму, крај гробиштата, ги собравме убиените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали ќе помислите дека зборувам нешто необично ако на бројот на Хичкоковите заслуги ја додадам и онаа дека беше комерцијален уметник?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бев уверен дека зборуваат за тоа, но во ниеден момент не ми падна на ум дека никој од нив не знае италијански.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Обично за луѓето во егзил се вели дека зборуваат најчесто на јазикот на срцето (мајчиниот јазик), на јазикот на лебот (јазикот на другиот во егзил), но ретко кој зборува на јазикот на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но патот не беше лесен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повторно го имав тоа чудно чувство дека зборува слично на оние “замаглени” книги што брат ми ги обожува и кога ќе го прашам да ми објасни што се раскажува во нив, оти слабо разбирам, тој ми вели: - Што глупаво девојче си бе, Брезо, немаш шанса!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури тогаш сфатив дека ги разбирам што зборуваат, а мислев дека зборуваат на јазик непознат за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)