да (сврз.) - цица (гл.)

Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Тогаш поинаку, - рече Бојан па повторно ја фати овцата, ја опчекори, ѝ го стегна вратот со колениците и ја подметна нежната, изгладнета Снежанка да цица.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А мој Бојан, не берете гајле, ќе го научи и неварено млеко да пие, а сам и од овца направо да цица...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми го измолзија нечистото, сурутката, и ми го ставија детето на гради да цица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби Марко Марикин сакаше да ме исправи на нозе со стружењето на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Настана молк. Тишината ја пресече плачот на братчето кое мајка ми го повиваше и го остави да цица од козата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ѝ паднало жал на мајка ѝ и ја оставила и понатаму да цица. Кога го одбила Мил, се обидела и неа да ја одбие, но не помагало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)