утре (прил.) - изутрина (прил.)

Точно во дванаесет часот неочекувано беше соопштено дека сите вработени во Министерството се слободни до утре изутрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Веќе ти резервиравме место во авионот за Атина за утре изутрина“, му вели Јоргос со својот пријатен, секогаш пријателски глас со кој го изговараше својот крупно дробен англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако решеа, можеа да ја разнесат Партијата на парчиња уште утре изутрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега беше сѐ готово и тој немаше буквално никаква обврска, никаква партиска задача од кој и да е вид, сѐ до утре изутрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МИЛКА: Не мислев јас ни самата сега. Утре изутрина одам в град.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)