толку (прил.) - важен (прид.)

И Трајко си ја зеде грижата да ја сврши оваа толку важна селска работа. И ја сврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Таа ли е толку важната работа шо не исплаши со Крстета! — се провикна Толе и се удри в гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Спозна дека вложи малку од себе за да ја спречи Рада, во миговите на емоционална криза, сама да донесе толку важна судбоносна одлука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не сум! Да знаев дека мојата невиност ти е толку важна, ако ме прашаше и ќе ти кажев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ми кажеш ли зошто токму денес се толку важни?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Штом ја затвори вратата по неа, Рада ја почна потрагата по толку важниот таинствен пакет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оној збор што ми беше толку важен го заборавив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но истовремено во градите потчувствува стрежење од некој страв: неговиот „швалерски“ неуспех би му ги затворил вратите на оваа за него толку важна институција за неодредено долго време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Водата лазеше по земјата и само одвреме-навреме се излеваше налево, надесно, кружеше околу Огнот, но само за да не го угасне, а тој беше толку важен со своите портокалови јазици, во висина јакнеше и беше убеден дека Водата се плаши од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога повеќе не ти се толку важни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вака, отстрана гледано, можеби некои моменти од престојот на Лена во Долнец дотогаш изгледаат не толку важни, но таа постепено чувствувала дека мора да заземе одреден став.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Протегнувајте се, велат некои од нас - впрочем, стариот Зорба исто така ги протег­нува своите категории во друга насока, кога допушта една папаја поетички да ја претставува целата класа Папаи, како меѓу поединечните примероци од секој вид да нема разлики - помеѓу Џо Папаја и Фред Папаја, на пример, да не ги споменуваме Фред и Гледис - кои во некои случаи се исто толку важни како и нивните линеовски сличности.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
СЛОБОДА И РЕПРЕСИЈА
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние веќе не мислиме дека дистинкцијата меѓу претензијата и реалитетот е толку важна. 72 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но никој што си поставил толку важна задача пред себеси не е толку изветреан, па да врти онаму каде што е кучето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не можеше веднаш да се соземе од сознанието дека син му толку се забраздува во кариерата, наспроти вообичаениот бавен ритам, толку важен за опстојувањето на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Влатко се обидуваше да се потсети како било пред шест години, кога тој бил прваче: чантата беше со ликот на Петар Пан - тоа беше модерно, ама не се правеше толку важен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да знам само што правел твој Семјон додека седел пред влезната врата на куплерајот?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, мила Васке, толку важна ситница а јас да ја дознаам дури на гробот на мој Ролан!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Сегашните необични состојби на дворот, а особено интригите во кои, како што е познато, е вплеткан и Д., придонесуваат непосредната достапност на документот можноста да биде покажан во секој миг да биде исто толку важна колку и неговото поседување.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)