постојано (прил.) - зборува (гл.)

Јас во Гоа прв пат те видов на фотографија. - Мора да сум била грозна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не заборавија. Кога се запознавме, постојано зборуваа за вас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За разлика од него Изабел постојано зборуваше но и прашуваше така да нималку не бев запоставена од неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Па, малку претераа. Постојано зборуваа колку се среќни што имаат двајца зетовци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Луѓето, гледајќи го Нестора каде што ги фрла умрените во жешката вар, му рекоа: - Зошто, ти Нестор, постојано зборуваше: да не дојде до полошо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ушите ми свират и слушам: некој од некаде ме вика, некој од некаде ми се оѕвива. Постојано зборувам со некого, а немам јасна вистина за ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А овие дојаваа на маски со кои постојано зборуваат како да се луше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кој ѓавол те натера да му ја направиш оваа белја!? - викаше татко ми. - Па ти, тате ... - Јас? - Нели постојано зборуваше ова куче за куршум плаче ...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)