навистина (прил.) - личи (гл.)

По плоштадите, крстосниците и ановите во Куско понекогаш, ако подзагледате повнимателно, ќе го видите и Че Гевара клекнат крај болните дечиња, ако подзагледате уште повнимателно, Че навистина личи на еден Кускењо макар што нему не му натежнува каменото помнење туку е зафатен од друга болест, болест на столетијата која што еден друг доктор по име Габриел Гарсија Маркес ја беше нарекол – утописки сон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа навистина личеше на фреска која чекори, лика слезена од ѕидот, од малтерот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се испружив повторно на троседот загледана во она кутијата- телевизор, малиот вотвор кон светот, кои навистина личи на светско око, подсвесно чекајки, како оттаму само ке излезе еден ден чудото, решението на тешката загатка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подофицерот е неборец, се колне и навистина личи на полжавче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)