како (прил.) - стрела (имн.)

Возот како стрела на дајл-ап се пробива низ темното, и конечно излегува на чистина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тој се одделува од давателот како стрелата од лакот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И уште Толе нефатен на танец, — рипна, го извади оној ист јатаган, со кој го удри Толета пред некоја и друга недела, по раце, и како стрела се џитна и се најде зад Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коњот пак исцвили. Ја затресе бујната грива, се исправи на задните нозе и како стрела летна со војводата кон Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беше без колкови, или барем така изгледаше, бедрата и нозете под здолницата ѝ излегуваа како стрели од половината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мишко трепкаше исплашено со очињата и, штом стигнавме со лифтот до приземјето, ја „дувна“ пред мене како стрела.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Патот е прав како стрела и тера по средината на рамницата легната меѓу двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Брзо се досети, го фрли каменот и како стрела се спушти да трча по стрништата кон Караорман...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)