долго (прил.) - зборува (гл.)

Зборуваш на телефон, ми вели тој, вчера долго зборуваше. Зар не знам што зборуваше?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тато и мама долго зборуваа, а мене ми беше многу мачно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можев да заспијам. Размислував: денес двапати ги излажав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)