веднаш (прил.) - побрза (гл.)

Но веднаш побрзав да се коригирам: „Не сфатив точно како се случи тоа и зошто, но пред неколку моменти навистина помислив дека брат ми ме бара“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури ми се пристори дека Јана спомнува како била уверена во мојата простосрдечност, но веднаш побрза да се исправи: “Мислев на неговата искреност”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој веднаш побрза, фаќајќи се за околите лизгави гранки, да ја спаси главата, заборавајќи на старецот, што го испушти од раце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа додаде дека при она кратко познанство таа останала со впечаток дека не сум трчел по допадливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога го избања во амамот и кога му ги виде приштовите под мишки, и уште кога овој не кажувајќи ни три чисти му се прикажа како нетокму, Марко веднаш побрза да ја оттурне помислата дека Мехмед-паша нарочно, поради некаква скриена одмазда, му го дал овој недугавко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)