убав (прид.) - поубав (прид.)

1. Приказната на иконописецот „Тркнав до Бизант, царство на залез а позлатено од живопис, од убав поубав па откако се вратив, дали изменет или себепронајден, како што обично бива по далечни патувања и провиденија, решив: ќе ги осветлам тоновите на моите икони!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На нив беше испружена есенската убавица Дуња, од убава поубава, од гола погола.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Момите сите како една од убава поубава, со китка на уво, бели кошули како снег.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Врз едни мермерна плоча од бела побела, од црна поцрна, од дебела подебела, од светлива посветлива и венци од големи поголеми и букети цвеќе од убави поубави, врз други обична бетонска плоча, а земјата иста и црвецот ист...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)