стечаен (прид.) - маса (имн.)

Платите и надоместоците се намируваат како обврски на стечајната маса (чл. 166, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: III PO-849/10. 2. „Стечајна постапка“ е колективна постапка што ја води над­ лежниот суд за реорганизација или за ликвидација на должникот; а „стечајна маса“ е имотот на должникот кој е предмет на стечајната постапка (чл. 2, ст.1, ал.65-66 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите и надоместоците на работниците ги определува стечајниот управник во согласност со закон и колективен договор, а врз основа на претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од оваа слика неизбежна е забелешката дека уплашеното и корумпирано македонско судство и гнилото раководство на фабриката дејствуваат во корелација. 1.  Интервјуто го водеше Стефан Бошковски, на 26.II.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со овој закон се уредуваат целите и условите за отворање на стечајната постапка, органите на стечајната постапка, управувањето и располагањето со имотот што влегува во стечајната маса, намирувањето на побарувањата на доверителите во стечајната постапка, правните последици од отворањето на стечајната постапка, планот за реорганизација, личното управување, ослободувањето од другите обврски, посебните видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец, стечајни постапки со странски елемент и други прашања во врска со стечајот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа, со измените од 2004 се предвиде дека по намирување на трошоците на стечајната постапка, од стечајната маса ќе се намируваат неплатените придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување за времето до отворањето на стечајната постапка, пресметани на најниската основица за плаќање придонеси (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените од 2000 година прецизирано е и дека социјалниот план што е одобрен по отворањето на стечајната постапка мора да обезбеди едно од правата кои произлегуваат од работниот однос со тоа што при остварувањето на правото на еднократен надомест во вид на испратни- на не може да изнесува помалку од две месечни плати, а овој надомест паѓа на товар на стечајната маса (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се укина и одредбата која предвидуваше дека веднаш штом во имотот што влегува во стечајната маса ќе бидат собрани и достапни соодветни парични средства, стечајниот управник со претходна согласност на стечајниот суд ќе изврши авансни исплати на побарувањата од социјалниот план (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај ова, се укина можноста, за намирување на побарувањата што произлегуваат од утврдениот социјален план, да може да се употреби најмногу една третина од имотот што влегува во стечајната маса што бил достапен за распределба меѓу доверителите во стечајната постапка, во случај кога по отворањето на стечајната постапка нема да се донесе стечаен план, односно кога нема да се утврдат никакви економски, технолошки, структурални или други промени насочени кон одржување на должниковиот деловен потфат или на некој негов дел (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до намирувањето на доверителите на стечајната маса, од 2004 година е предвидено дека по намирувањето на трошоците на стечајната постапка, ќе се намируваат и неплатените придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување за времето до отворањето на стечајната постапка, пресметани на најниската основица за плаќање придонеси (чл. 16). 168
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)