стар (прид.) - камен (прид.)

Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се сретнувавме само неколкупати во годината и навраќавме во кафеаната Меркез на левиот брег на Вардар, за мене од онаа страна на стариот камен мост, пушевме и пиевме според расположеноста, тој најмногу чај во проѕирна чаша со позлатен раб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад него остана бучењето на дивата рекичка, старата камена воденица и чудната домашна драма на стариот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)