соседен (прид.) - маса (имн.)

Баш кога некој од соседната маса побара оган да запали цигара опулот ми одлета далеку врз едно мало бранче од кое всушност се извишуваше секој голем бран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Девојката од соседната маса делумно беше свртена и гледаше во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Квакањето од соседната маса, привремено замолчано од соопштението на Министерството, повторно почна, гласно како и пред тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше сосем можно лицето на соседната маса да е шпион на Полицијата на мислите и сосем беше можно тој да се најде во визбите на Министерството на љубовта во рок од три дена, но една половинка од цигара не смее да се упропасти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Азра стана од столот, ја префрли преполнетата пепелница на соседната маса, а оттаму зеде празна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А.А. сега зборуваше гласно и јасно, сите да го слу­шна­т во кафеаната: и нестрпливиот Х.Х., и полубудните провокатори од соседната маса.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И на соседната маса четворицата очекуваа нова дискретна наредба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон. „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Седна и тој на соседната маса, порача кафе, заинтересирано ги посматраше тројцата кафеџии на соседната маса, но во нив ве виде ни интересни лликови а камо ли можни соговорници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми дојде злобна помисла дека врз примерот на овие три часовници е тешко применлива разликата меѓу канаринецот што се обидува да стане птичји Павароти и папагалот, кој, пак, од своја страна, се труди да го имитира (со очекуван ефект на расипан грамафон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На соседната маса до мене седат тројца:а) возен кондуктер без две петлици на блузата, б) Човек под француско капче млад и мускулест, без определено занимање, во ломбак со црни раце од моторно масло, од нафта, од нешто што е белег на занаетот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од соседната маса го поздрави обична сива глава.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот од соседната маса за почеша зад увото: - Извинете, но јас не ве разбирам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури тогаш го забележа човекот од соседната маса.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Грета станува од столчето и половината од јазикот на Среќко ја исплукува во чинијата на соседната маса каде што седи една отмена дама со нејзините две деца.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Станува и почнува да вришти. Од устата му шика крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Лажеш и ти, - ѝ викав толку силно што луѓето од соседната маса во слаткарницата се свртеа накај нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Седнавме на соседната маса и, преправајќи се дека не им го разбираме зборот, до крај го ислушавме раскажувањето на едниот од нив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во еден момент забележав дека на човекот на соседната маса од џебот му ѕирка дршка од пиштол.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)