скапоцен (прид.) - камен (имн.)

Преку неговото змијолико добро тело од илјадници скапоцени камчиња во чиј отсјај се прпелкаат гулаби, тело преслечено од трошноста на смеата и бесот, но сѐ уште цврсто за да го дочека моето минување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Покрај лотосовиот цвет, на светот му дарува уште еден скапоцен камен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Скапоцениот камен, верувам, дека сѐ уште се наоѓа во твојата близина зашто и последните сознанија ми го потврдија тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се отвори небото чисто, сино, измиено, светло, небаре како друго да достасало; воздухот чист, проѕирен, се прелеваше како скапоцен камен; секој предмет наоколу одсјајуваше измиен и светнат; блескаа дрвјата, цвеќињата, тревите со некоја боја досега невидена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од далеку повторно ја гледа Аниса качена на коњ, на истиот коњ што е на сликата: силен бел пастув, влакното му светка на сонцето, се прелива, како скапоцен камен; гривната му се вее развиорена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Животното се исплаши од фустанот и скапоцените камчиња кои блескаа од него како многу зажарени очи и назабени вилици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подоцна научи за светите египетски скарабеи и за нилските крокодили, за амајлиската моќ на бубачките и саламандрите, за тоа како човекот од примитивните времиња, од бронза, злато и сребро и од скапоцни камења, моделирал слики на овие суштества за да ги носи на вратот или на глуждот, како заштитници на своето здравје и својата среќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Очите, како скапоцени камења ѝ беа фиксирани на Милан, и светкаа со зачудувачка острина, и тогаш Милан не сакајќи се накашла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Очите на змијата, како скапоцени камења, без очни капаци, што не трепкаа и хипнотизираа, неколку минути останаа фиксирани на Милана, а потоа полека мекото тело почна да се одмоткува и да се лизга меѓу ластарите за да исчезне на другата страна во џунглата од растенијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оној што го создал тоа суштество, со умешност на јувелир, во главата му сместил два полирани и блескави скапоцени камења, со магнетна моќ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Погледај”, се наведна тој врз прстенот од ибн Бајко. „Ова е скапоцен камен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има некаква врска меѓу скапоцените камења и црнечката крв.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: А, твојата уметност! Твојата уметност... Најнапред јас навистина мислев дека ти си прекрасен, изразит, скапоцен камен, но сега знам колку ти вредиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дури ни златарот што продаваше накит и скапоцености, ни тој не носеше скапоцени камења, ниту неговата жена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги видов храмовите на Џава, Кашмир, Непал, Цејлон, Бурма и Кампучија во сите бои на скапоцените камења осветлени одвнатре.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И штитникот за врат беше од железо, но украсен со скапоцени камења.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тоа беше вистинска мала градина направена од метал и скапоцени камења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Триесет години минаа. Куќата во која ми се открија тие фантазии е урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пропатував бројни европски земји. Заборавив илјадници страници и илјадници незаменливи човечки лица, но склон сум да мислам дека, во суштина, никогаш не сум стапнал со нога вон таа библиотека и вон таа градина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Палермо во кој луѓето се борат со ножеви и во кој свират гитари талкаше (како што ми рекоа) зад аголот, но оние кои ги населуваа моите утра и внесоа прекрасен ужас во моите ноќи беа слепиот гусар на Р. Л. Стивенсон, кој умира под коњски копита, и предавникот што го напушта својот пријател на месечината, и патникот низ време кој од иднината донел белузлав цвет, и духот многу столетија затворен во Соломоновиот ќуп, и Пророкот под вел од Курасан кој ја криеше својата лепра под вел од бела свила проткаен со скапоцени камења.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)