сив (прид.) - маса (имн.)

За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оваа сива маса му припаѓа на индустриското минато и сега ги користи последните државни пари, пред да биде оставена сама на себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сопственикот и Аргир ја испратија со погледите таа сива маса наежена од гнев и умора, којашто, колку повеќе се оддалечуваше, толку повеќе се разредуваше и се кинеше на мали групи, поединци...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Заборав наместо да се нуди, живот, исполнет ден и надеж, полн џеп со душа и душа полна, со деца кои безгрижно ги гледаш како раснат, а со нив и ти душевно раснеш, повторно и повторно, исти немири, намерни убивања, растргнувања, палења и поткусурувања, на идиоти без сива маса освен за пари црни.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)