празен (прид.) - чаша (имн.)

— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја спушти празната чаша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон остана седејќи една минута, загледан во својата празна чаша, и одвај забележа кога неговите нозе го изнесоа повторно на улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Празни чаши од виски и тукушто нарачано јадење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И повторно ја пружи празната чаша со заповест која не ѝ беше својствена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заби на вратот, модрици на струкот. Полна чаша пикавци, празна чаша вино.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- Знам, вам ви е сега поважна границата... - ја издолжи раката со празна чаша кон игуменот да му тури.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неговата подлактица, што беше без влакна и несмасна, се спружи преку полираниот махагони и со раката што беше искасана од пчели ја стави чашата под носот на Даниел, Даниел го истури вискито в уста и со јасно и заповедничко чкрипење ја стави празната чаша на масата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Свири“, рече и го изгасна остатокот на цигарата во празната чаша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Над празните чаши нивните глави беа разлокани како неполна месечина, како многу такви месечини, залечени и бледи несфаттливо далечни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Валтерот лежеше на масата крај празните чаши.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа е сенка на сив ѕид, а Германецот на сенка нишани, на обична заборавена сенка крај празни чаши.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Многу творечки идеи, зачнати на кафеанска маса (не во брачна постела), си нашле утеха во празните чаши.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ножот со седефена дршка се забуца во гнилата маса сред неколку празни чаши, човекот заплива кон него и тој виде младо лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се одлепи од тезгето. Му пријде прво на оној во износената туѓа облека и се наведна над неговата празна чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаете, во кафеаната не се седи со празна чаша, а оние што ги празнат чашите со пиво по правило поприлично време губат на прошетки до дворот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Полн веќе подостарени мераци ја наведнав криглата кон твојата празна чаша и ти истурив троа студено пиво, колку за здравица.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)