последен (прид.) - чаша (имн.)

Откако ги изрече овие зборови, Климент Камилски стана, им наздрави на Луција и Сотир и заедно со нив на искап ја испи последната чаша шампањско.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се допиваа последните чаши црно чекошчинско вино...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Деновите да поминуваат праволиниски, одејќи низ улиците со поглед кој се губи некаде низ просторот и мисла која ќе се скрие далеку во времето и никој нема да ме праша: - „Зошто ја скрши и последната чаша надеж?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)