помал (прид.) - обем (имн.)

Доколку направевме споредба на договорите за вработување со „скратено“ работно време од чл. 48 и чл. 49 од ЗРО и чл. 122 и чл. 122-а (скратено работно време во посебни случаи и скратено работно време во посебни услови соодветно) ќе дојдеме до заклучок дека кај скратеното работно време, кое е изедначено со полното работно време, но временски трае пократко поради тежината и опасноста на работата е тотално спротивно на формулацијата за неполното работно време кога работникот работи пократко поради помалиот обем на работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа што се случило со Ерменците се случило и со Македонците, но во многу помал обем што се однесува до жртвите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да, тоа е претенциозност, посебно кога се работи за магазин од помал обем каков што е ЕГО, но и чесност пред самиот себе си.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Регистарот, каков-таков, беше реализиран, но беше во многу помал обем од замислениот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)