познат (прид.) - писател (имн.)

Џејмс Џонс, на пример, кој се запишал на курс кај некоја образована дама чии студенти ги имитирале стиловите на многу познатите писатели... еден месец Хемингвеј, еден месец Грахам Грин, итн. Мислам дека ова е добра вежба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие со задоволство ги читаа балканските романи, раскази и песни на познати писатели кои се однесуваа на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу другите долго време ја прелистуваше книгата на познатиот писател и конзерватор на библиотеката Мазарин во Париз Lon Cahun, Hassan le Janissaire 1561, (Хасан Јаничарот), објавена во Париз во 1891 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во прв ред тоа ќе биде професорот Лимузин, но најсилна поддршка ќе добие од познатиот писател Реми де Гурмон, кој во тој период бил нарекуван папа на симболизмот, како и од неговиот пријател Гијом Аполинер, но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се сретнеме ние уште еднаш... Ти - познат писател, дизајнер, лекар, апотекар... Јас - успешен музичар, бизнисмен, педагог, дерматолог...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)