наш (прид.) - фрижидер (имн.)

Брат ми Јане бетер е од тебе, сѐ уште спие, којзнае кога ноќеска се вратил, а мене ме мрзеше да одам да купувам, па сега ... ама, ај не е важно, дојди во кујната и сама снајди се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ептен бедно! – повтори со потценување брат ми, отворајќи го фрижидерот и ѕирнувајќи во него. – Мама, пак, да можеше да види какви килими имаат, од свила, цела куќа на три ката им беше послана со нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да не го носат полн фижидерот сандак, ги преместија работите токму кај мене, за да им сторам услуга да ги сместам во нашиот фрижидер.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Нема многу да ќариш кај мене, денес во нашиот фрижидер има промаја. Сосем празен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И, што велиш, нашиот фрижидер за нивниот е џуџе, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)