наш (прид.) - маса (имн.)

- Догледање, догледање! - бргу стана од нашата маса корпулентниот поет и се оддалечи од кафеаната. Јас вчудовидено гледав по овој човек.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- О, месје Киреј! - се здаде оваа фигура и се упати кон нашата маса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му реков на келнерот да го праша Dj-от што ќе се напие од нашата маса и го замолив да ми ја пушти една од неговите најдобри песни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На рецепционерскиот пулт еден од црнците го остави клучот, дојде до нашата маса, го потупна по рамото мојот пријател и заедно со другиот црнец и девојката со брзи чекори ја минаа бавчата на хотелот и влегоа во сиво ауди.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бев наведнат над папката и мојот поглед достигна до над колената на тројцата кои поминаа пред нашата маса и се распоредија крај масата до нас, од нашата лева страна на која седеа двајца судски службеници задолжени за функционирање на техниката во одвивањето на судскиот процес.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека се дотапка до нашата маса и застана со нас седнати, Живко го надвика не само бувот туку и звучникот на таванот: - Кој вели дека Прилеп нема вода?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пак со мрзлив чекор келнерот се довлечка до нашата маса, но откако ја прими порачката побрза до шанкот и им однесе на шлеперските возачи препотено шише вино.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од масата со единствените гости тешко се дигна одвај препознатливиот келнер и со мрзлив чекор дојде до нашата маса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мојот пријател се мршти. Готов е да го одбие но човекот со белег не чека одговор и седнува на нашата маса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)