мој (прид.) - маса (имн.)

Седнуваат на мојата маса тројца; напнати, убави, со коси одзади собрани во опафчиња, со празни лица.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека минуваше пред мојата маса забележав дека одот и беше вообичаен; чекореше мирно, со одмерен такт што нејзините црни чевли со ниски гумени потпетици го произведуваа во допирот со ламинатот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали порано ги бев видел, што бараат на мојата маса?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ме познавате? Ако не ме познавате, како што и јас не ве познавам, што барате на мојата маса, зошто ви е мојата близина? Всушност: што барате од мене?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зборовите „Гуштероглавиот и Песоглавиот, во темниот простор на мојата маса“ почнаа сами да се испишуваат, дури да се исцртуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Седеа на мојата маса (или јас седев меѓу нив).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Што барате на мојата маса - прашав. - Не ми одговорија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И најдоцна до вторник да биде овде, на мојава маса, за да можеме да го планираме за петок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Опиши ја и твојата прва средба со Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но со повеќе детали.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, откако стори неколку чекори кон мојата маса, додаде: -Опиши го се она што ти се има случено утредента по оној ден кога за првпат на улицата Маршал Тито го сретна другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Што се смеете, - однекаде Кејтеновиот син се довлечкал под мојата маса, кажи ми, жити мајка, малечок Леме! Лошо ме заколна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)