мој (прид.) - гради (имн.)

Би можела без престан да гледам во твоите очи... сѐ додека не почувствувам срцебиење во моиве гради....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Главата сонливо ѝ папсува врз моите гради.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јана спиеше цела ноќ на моите гради. Или - Јана, која е таа?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се стегна во мене при што ѝ ги почувствував тврдите дојки на моите гради.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа девојка сега има дваесет години, а јас веќе триесет и пет; тоа е сосема пристојна разлика за здрав маж како Земанек, господине судија, разлика која привлекува, и јас не му се лутам; моите гради (простете за ваква индискреција, господин судија) веќе не се она што беа; не се веќе ни моите колкови, ни кожата; Земанек, едноставно, замина затоа што мораше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Светлината беше слаба, но можев да го видам црвенилото што ја облеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Причекај“, збивташе таа. „Ов... Ова.“ Се исправив. „Што?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се бакнавме. Ја погалив по вратот и осетив нешто необично, некоја чудна брановидна длабнатинка како кожата да ѝ станала пластифицирана, а потоа таа ја стави раката врз моите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)