мал (прид.) - количество (имн.)

Негативни искуства: Дури и во мали количества, амфетамините го забрзуваат пулсот и крвниот притисок и можат да предизвикаат екстремна вознемиреност, претерана осетливост, нервоза, импотенција и во некои случаи, делириум, паника, халуцинации и чувство на прогонување (амфетаминска психоза).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш и во мали количества предизвикува агресија и брзи промени на расположението. 120 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кај некој корисници кокаинот, дури и во мали количества може да предизвика чувство на немир, агресивност и иритабилност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се наоѓа природно како маслена киселина во човековото тело, а исто така, мали количества има и во некои овоштија меѓу кои и гуава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денес 90% од возрасната популација консумира алкохол и, покрај забраната со закон, познато е дека 60% од децата помеѓу 13 и 17 год. купуваат алкохол, и околу една третина од истата група консумираат алкохол барем еднаш неделно, иако се работи за мали количества и дома.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: Кога се зема во многу мали количества, ефектите се слични со пушењето марихуана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, како што сите знаеме, нема во нив некое малечко човече кое чита и следи нешто, и сиот овој начин на зборување е само метафора која кој и да е со мало количество на компјутационална софистикација брзо учи да ја употребува соодветно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)