кристален (прид.) - чаша (имн.)

Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кристални чаши. Од приборот што на времето јас го имав купено од Карлови Вари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Најдов три кристални чаши. Сега кој ќе пие во стаклени? –Настана мрморење, де од еден,де од друг: Јас сакам кристална, јас несакам стаклена, во неможноста да ги поделат чашите се надвикуваа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бев бесен и мислев, за да не кажам некоја увреда, дека ќе загризам во стаклото на кристалната чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)