камен (прид.) - ѕид (имн.)

Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако гласот му беше спокоен и утешителен, дојденецот се лизна на подот покрај камениот ѕид и, така седнат, си го покри лицето со дланките, како за плач.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговата втренченост во светлината на утрото беше исто толку неподвижна колку и камените ѕидови на собата во која седеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Мртов ли сум?“ гласот му беше придушен под дланките.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Малата макета-воденица ја потсети на безгрижната пругава верверичка што тропкаше на камениот ѕид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие што се обиделе да го фатат, постапиле благоразумно и се засолнине зад еден каменен ѕид.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кузман ја запали ламбата и ја обеси некако на камениот ѕид.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со ковчестото мазно избричено лице, живите темни очи и пробелената коса залижана наназад, Лука Карер по ништо не се издвојуваше од многуте слични левантински физиономии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму само ќе помине покрај изгорената црква, која еве цел човечки век се моли со отворен покрив кон небесниот свод, додека камените ѕидови ѝ се раскостуваат од малтерот сосе фреските, а место иконите ѝ се читаат профани графити.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По неколку дни ѝ замрел здивот, како и гласот, арно ама неподвижните гради не ѝ загубиле ништо од благото изворско изобилие, и заспаното дете во вдлабнатините на нејзините боски сè уште го слушало нејзиното срце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од топлите и набрекнати гради потекло млеко и, кога детето од иста крв и месо заспало на нејзините боски, таа запеала со глас што го придушувала само дебелината на камениот ѕид.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камениот ѕид веќе ѝ нараснал до градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè додека имам капки живот во себе, тие ќе се слеваат до врвовите на боските за да го хранат детето што го родив, а оној ден кога веќе нема да имам млеко, тоа ќе ја испие мојата душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Том зјапаше таму каде што завршуваше редот, зад разурнатиот каменен ѕид.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)