друг (прид.) - маса (имн.)

— И замина преку другите маси, та отиде кај оние двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Емплфорт не го забележа Винстон и седна на една друга маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот од другата маса продолжуваше брзо да квака, распознатлив и покрај околниот џагор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Спроти матичарот на друга маса седеа Виктор, Рада, Томо и Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
БИРТИЈА. РЕЧИСИ ПРАЗНА. НА ЕДНА МАСА СЕДИ АНЃЕЛЕ. СРЕДНИ ГОДИНИ. ПИЕ ПИВО.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ВЛЕГУВА ДИМИТРИЈА. СТАР Е. САКАТ Е. ОДИ НА ШТЕКИ. ТЕШКО СЕДНУВА НА ДРУГА МАСА.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За мене и за Крумета во „Зона” спомнувањето на Шефот (ако навистина беше спомнат) претставуваше обичен пичкин дим и ние се насладувавме препуштени на виното и чувствувавме како бавно се нишкаат столиците под нас и како масата заедно со нас, потпрени со лактите на неа, бавно се поместува меѓу другите маси во салата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тешко седнува на другата маса.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Прекинувам да учествувам, што се договорите ќе преведам, а сега одам на другата маса, кај мојот пријател Неџо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не ми беше проблем да јадам на другата маса, па седнав, но само што го сторив тоа целото семејство повторно исчезна зад мистериозната врата и јас останав сам во кујничката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)