дрвен (прид.) - маса (имн.)

На сцената се покажа: долга дрвена маса, околу која беа наседнале седум осум селани, еден граѓанец и едно младо попче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Земав една од салфетчињата што стоеја на дрвената маса.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наоружан до заби со пушка, тешки куршуми нанижани преку градите, му удира по дрвената маса, на која се потскокнуваше тресејќи се, а момчињата од четата, повторуваа по него согласувајќи се со секоја негова мисла...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие застанаа на спротивните страни од грубата дрвена маса, толку оддалечени колку што им дозволуваше просторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некаде во средината е поставена дрвена маса, сиво-зелена, покриена со мушама во иста боја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од бањата, кога се туширам, гледам низ прозорецот: и тука има маса и столови, но излупено бели, ’рѓосани, попрскани со капки од скорешниот дожд и со ливчиња, како домаќинката да не стигнала да ги смете по заминувањето на гостите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И веднаш потоа целата просторија го фати ритамот на таа усвитена врвца на пилата, на нејзината судреност со дебелата сурова дрвена маса, понесувајќи го во него и последното зрнце пилотина, запнато за пајаџинките во горните ќошеви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Кои се тие?“ „Овие, Танаско... “ покажуваше на трупците. „На оваа дрвена маса треба да ѝ се даде душа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)